Дома Трансфер зона Милан и Интер се „тепаат“ за ѕвездата на Рома

Милан и Интер се „тепаат“ за ѕвездата на Рома

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Интер на лето ќе се борат за потписот на играчот за врска на Рома, Лоренцо Пелегрини.

Пелегрини е италијански репрезентативец и веќе подолго време е на радарот на миланските гиганти, а наводно и самиот е решен да ја напушти Рома, особено ако „волчицата“ на успее да се пласира во Лигата на шампиони.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што пренесува „Газета дело Спорт“, 22-годишниот играч за врска во договорот има откупна клаузула која изнесува 30 милиони евра, па Рома нема да може да го задржи долколку играчот сака да замине.

Наводно миланските клубови се спремни да ја платат откупната клаузула, па се ќе зависи од изборот на Пелегрини и од личните услови кои ќе му ги понудат.

Милан на лето ќе прави реконструкција на средниот ред, Монтоливо и Беролачи сигурно заминуваат, па во Пелегрини гледаат идеално засилување.

Тој потекнува од школата на Рома, а две сезони играше на позајмица во Сасуоло и таму остави одличен впечаток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Слот пронајде наследник на Салах во Серија А: Ливерпул плаќа 85 милиони евра?

Како што стојат работите Ливерпул направи одличен потег со доведувањето на Арне Слот на кл…