Рафаел Ван Дер Варт направи голема промена во својот живот.
Поранешниот холандски фудбалер, Рафел Ван Дер Варт во мај ќе учествува на турнир во пикадо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Човекот кој помеѓудругите клубови го носеше дресот на Реал Мадрид и Тотенхем ќе дебитира на турнирот на 4-ти и 5-ти мај во дански Есбјерг.
Заедно со Ван Дер Варт на турнирот ќе учествува и неговиот брат Фернандо.
Ван Дер Варт фудбалската кариера ја заврши минатата година во Есјбјерг, клуб за кој одигра само три натпревари.
Легендарниот фудбалер во својата кариера го носеше дресот на седум клубови. Кариерата ја започна во Ајакс каде што беше член на младинските категории, а во 2000 година дебитираше за првиот тим. Во Амстердам се задржа пет години после што следуваше трансфер во Хамбург, а од таму го облече дресот на шпанскиот гигант Реал Мадрид.
Во Мадрид се задржа два години и се пресели во Лондон во редовите на Тотенхем каде што исто така играше две години. После Тотехем се врати во Хамбург и одигра три сезони. Вториот мандат во Германија го заврши со трансферот во шпански Бетис кој беше негов последен клуб во најсилните првенства во Европа.
Во залезот на кариерата играше за Мјидланд и Есјбјерг каде што како што споменавме одигра само три натпревари.