Пари Сен Жермен вчера ја пропушти и третата прилика да ја обезбеди титулата шампион на Франција.
Парижаните прво ремизираа со Стразбур (2:2) на „Парк на принцовите“, потоа доживеаа вистински дебакл против Лил (5:1), а вчера беа поразени од Нант со 3:2.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Продолжувањето на лошата серија прилично го налути тренерот Томас Тухел. Иако после претходните натпревари ги бранеше играчите, вчера после натпреварот против „канаринците“ не сакаше да го прави тоа.
„Немам никакво објаснување. Прашајте ги играчите зошто така играа, а не мене“, бесно одговори германскиот стратег на прашањето од француските новинари, па го продолжи своето излагање:
„Подобро ништо да не зборувам. Денес не играа и тоа е реалноста. Поразот го заслуживме и единствено што можам е да им се извинам на навивачите за ваквиот настап. Вака не може да се носи дресот на ПСЖ“, истакна Тухел.
За крај Тухел порача дека и тоа како е загрижен поради формата во која се наоѓа неговата екипа.
„Во три натпревари не успеавме да ја обезбедиме титулата. Не бевме способни тоа да го направиме и тоа е така. Секогаш ги бранев своите играчи, но денес нема да ги бранам. Заслуживме да изгубиме и среќа што не примивме повеќе голови. Мислам дека тоа е доволно да се каже. Не верувам дека нешто ќе се промени и против Монако. Загрижен сум“, заврши Тухел.