Британскиот новинар Симон Мулок објави дека играчот на Манчестер Сити во Микс зоната го пцуел ВАР.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Токму ВАР вечерва го растажи Етихад, освен нормално гостинските навивачи, кои можеа да го започнат големото славје.
При резултат 4:3 Агуеро започна акција во 92. минута, а во гол ја претври Рахем Стерлинг. Меѓутоа, славјето беше прекинато откако ВАР утврди дека Агуеро е во недозволена позиција, а тогаш настана молк на Етихад.
Нормално, сга ќе биде многу тешко играчите на Сити да се вратат на психолошки план и да се вратат во борбата за титулата во Англија, а после синоќешниот натпревар еден од нив го пцуеше ВАР.
„Фернандињо ми кажа само два збора: Да ти е**м ВАР“, објави новинарот на Мирор, Симон Мулок.