Бразилката Таиса Даер де Менезес Палеси (29) во дресот на турскиот тим Езечибаши при незгодниот доскок ја скрши ногата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сопственичка на две олимписки злата со бразилската репрезентација, која настапува за турскиот тим Езечибаши, го скрши скочниот зглоб за време на турското дерби во одбојкарската Лига на шампиони меѓу нејзиниот тим и Фенербахче, која заврши со победа од 3:1 за Езачибаши.
Отворената скршеница на скочниот зглоб ги шокираше нејзините соиграчи и противници, но и целиот свет, бидејќи одбојката е спорт речиси без никаков физички контакт меѓу противничките играчи.