Дома Фудбал Англија Шок на Островот: Сколс обвинет дека се обложувал дури 140 пати!

Шок на Островот: Сколс обвинет дека се обложувал дури 140 пати!

Фудбалската асоцијација на Англија подигна официјално обвинение против легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс поради обложување на натпревари.

Со тоа Сколс ги нарушил правилата кои им забрануваат на професионалните фудбалери, менаџери и агенти да се обложуваат на фудбалски натпревари.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сколс е обвинет за 140 обложувања во периодот помеѓу 17 август 2015 и 12 јануари 2019 година, кога беше сопственик на екипата на Салфорд Сити.

Фудбалската асоцијација на Англија му даде рок на Сколс да изготви одбрана до 26-ти април.

Сколс имаше беспрекорна играчка кариера без контроверзни моменти, па поради тоа англиската јавност е шокирана поради ваквото обвинение.

Ова не е прв пат славна фигура од англискиот фудбал да се најде на удар на ФА поради обложување. Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ исто така е обвинет и во моментов ја чека одлуката на ФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…