Дома Фудбал Останато За суперталентот на Реал најпосебен натпревар е оној во кој неговиот тим изгубил

За суперталентот на Реал најпосебен натпревар е оној во кој неговиот тим изгубил

Mладиот суперталентиран напаѓал на Реал Мадрид се надева дека ќе игра на Копа Америка и дека еден ден ќе ја освои „Златната топка“.

Винисус Жуниор е голема надеж на Реал Мадрид и на светскиот фудбал, но по доаѓањето во Реал Мадрид од Бразил се соочи со многу критики од фудбалската јавност.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Го напуштив најголемиот клуб во Јужна Америка поради најдобриот клуб во светот. Не читам што луѓето пишуваат на интеренет и што зборуваат. Играв за Фламенго, сега играм за Реал Мадрид. Ги слушам само луѓето кои ме сакаат и кои го сакаат најдоброто за мене“, изјави Винисус.

Винисиус требаше да дебтира за Бразил, но неговото деби не се случи поради повреда.

„Да, ме повика селекторот. Ми кажа да се опоравам, да бидам мирен и да продолжам да работа. Ме убеди дека кога ќе бидам спремен ќе добијам прилика да дебтириам за Бразил“, откри Винисус.

Кој бил најпосебниот натпревар за него во Реал Мадрид?

„Тоа беше оној натпревар кога изгубивме од Реал Сосиедад со 2:0. Тоа беше мојот прв натпревар како стартер, но целиот тим беше лош, но јас успеав да одиграм добро. После тој ден започнав повеќе да играм, а добивав голема помош и од моите соиграчи“, одговори Бразилецот.

Потоа беше запрашан за „Златната топка“…

„Никој не дошол на 18 години и не постигнал 30 голови во една сезона. Се чуствувам добро и не се грижам, а верувам дека еден ден ќе ја освојам Златната топка“, заклучи Винисус.

Реал на Фламенго за Винисус плати 45 милиони евра и така го направи Винисус седми најскап играч во историјата на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…