Фудбалскиот клуб Кардиф и ги предал на Меѓународната фудбалска федерација доказите поврзани за спорот со Нант околу исплатата на трансферот на Емилијано Сала, пренесуваат британските медиуми.
Нант се обрати до ФИФА поради спорот со Кардиф кој одбива да плати 15 милиони фунти за трансферот на Сала. Аргентинецот на 19-ти јануари потпиша договор со Кардиф и стана најскап играч на тој клуб, но два дена подоцна го изгуби животот во падот на авионот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од тогаш двата клуба се спорат околу исплатата на трансферот. Францускиот клуб ги бара паритe, а велшкиот тврди дека трансферот не е до крај завршен. ФИФА до 15-ти април им даде рок на клубовите да собираат докази, а Кардиф соопшти дека доказите ги предал уредно во предвидениот временски рок.
Кардиф тврди дека Премиер лигата го одбилa договорот на Емилијано Сала и поради тоа сметаат дека не треба да ја платат споменатата сума. Наводно, Сала се уште не бил пријавен како фудбалер во Премиер лигата.
Нант соопшти дека се работел во склад со правилата на ФИФА и потенцираше дека светската куќа на фудбалот го регистрирала трансферот на 29-ти јануари.
Едните тврдат едно, другите друго, двата клуба сметаат дека се во право, останува да видиме во наредниот период каков ќе биде одговорот на ФИФА.