Дома Фудбал Италија Алегри може да зборува што сака ама Јувентус повеќе не мисли на Серија А (ВИДЕО)

Алегри може да зборува што сака ама Јувентус повеќе не мисли на Серија А (ВИДЕО)

Тимот на СПАЛ денес го совлада Јувентус со 2:1 и на тој начин на некое време го одложи шампионското славје на клубот од Торино.

Тренерот Масимилијано Алегри во овој натпревар настапи со прилично изменет состав и без големи ѕвезди кои добија одмор пред реваншот со Ајакс во Лигата на шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус добро го отвори натпреварот. Со голот на Моис Кин „старата дама“ стигна до предност и изгледаше дека на крајот од натпреварот ќе го обезбеди новото Скудето бидејќи му беше потребен само бод.

Меѓутоа домаќините во второто полувреме заиграа многу подобро. Нив овој натпревар им значеше многу повеќе во борбата за опстанок. До крајот успеаа и да направат пресврт.

Изедначување донесе Бонифази во 49-тата минута за 1:1, за потоа Сержо Флокари на петнаесетина минути до крајот успеа да го постигне првиот гол оваа сезона за СПАЛ за пресврт и водство од 2:1

До крајот на натпреварот видовме уште по некоја прилика и на двете страни, но резултатот не се менуваше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…