Дома Фудбал Англија Ерера: Се уште преговарам со Манчестер Јунајтед

Ерера: Се уште преговарам со Манчестер Јунајтед

Играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Андер Ерера јавно проговоди за својата иднина и не ја исклучува можноста на лето да го напушти „Олд Трафорд“.

Договорот на 29-годишниот Шпанец со „црвените ѓаволи“ истекува на лето, а две страни до овој момент се уште не нашле заеднички јазик за продолжување на соработката.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Сега мислам само за фудбал и победата над Барселона. Имам уште два месеци од договорот, преговараме, но во моментов имаме различни позиции околу условите за продолжување на соработката. Сакам да продолжам да играм на највисоко ниво и во голем клуб. Се уште преговарам со Јунајтед, но не исклучувам никакви други опции“, изјави Ерера.

„Скај Спорт“ пред неколку дена објави дека Ерера веќе постигнал договор со Пари Сент Жермен и дека на лето ќе се пресели во Париз како слободен играч.

Ерера во Јунајтед дојде за сума од 36 милиони евра од Атлетик Билбао во 2014 година и за „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 187 натпревари и постигна 20 голови.

На „Паркот на Принцовите“ според инфорнациите кои ги има „Скај Спорт“ ќе заработува 173.000 евра неделно, а наскоро овој трансфер би требало да добие и официјална потврда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатна сцена дупка се отвори на фудбалско игралиште 🎥

Неверојатна сцена беше забележана на фудбалско игралиште во Алтона, Илионс. Имено, камерит…