Легендата на Лос Анџелес Лејкерси го напушта клубот после една неуспешна сезона.
Големи беа очекувањата на навивачите на Лејкерси пред почетокот на тековната сезона, но се покажа дека ниту доаѓањето на првата ѕвезда во НБА лигата не им помогна да имаат успех.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако екипата остана без пласман во плејофот одговорноста ја превзема легендарниот Меџик Џонсон кој соопшти дека се повлекува од позцијата претседател за кошаркарски прашања.
Џонсон одлуката ја соопшти пред вчерашниот натпревар против Портланд.
Сакам повторно да уживам. Сакам да бидам она што бев пред да ја прифатам оваа работа. Со Леброн Џејмс сме на половина пат. Кога на лето ќе пристигне уште една голема ѕвезда кој и да биде тоа, овој тим ќе се бори за титула“, изјави Џонсон.
Петкратниот освојувач на НБА прстенот ги бранеше боите на Лејкерси од 1970 до 1991 година, а потоа кратко време се врати на терен во 1996 година и повторно го облече дресот на овој тим.
Лејкерси сезоната ја завршија со 37 победи и 45 порази, а за пласман во плејофот им недостасуваа десет победи.