Дома Фудбал Покетино за повредата на Кејн: Тажно и разочарувачки

Покетино за повредата на Кејн: Тажно и разочарувачки

Првата ѕвезда на Тотенхем, Хари Кејн предвреме го напушти натпреварот против Манчестер Сити поради повреда.

Напаѓачот настрада во дуел со Фабијан Делф според првичните информации, Спарси би можеле да останат без него до крајот на сезоната.

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино откри во каква состојба се наоѓа Кејн после повредата.

„Ќе ги сочекаме деталните прегледи, но мислам дека ја обнови претходната повреда. Тоа е тажно и разочарувачки, ќе ни недостига, бидејќи веројатно нема да биде до крајот на сезоната.“ – рече Покетино и додаде:

„За нас тоа е загрижувачки. Нема да има време да се опорави до крајот на сезоната. Ќе видиме во наредните часови.“

Неговиот тим го победи Манчестер Сити со 1:0 и со минимална предност ќе оди на реванш во Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ди Канио воодушевен од Спенс: Во Италија може да игра со врзани очи!

Две асистенции на последните два натпревари на Интер му донесоа на Џед Спенс големи пофалб…