Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед утре од 21:00 часот ќе ја пречека Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Ќе биде ова интересен двомеч во кој Барселона важи за фаворит, но после натпреварот во Париз никој не смее да го отпише Манчестер Јунајтед.
Норвежанецот нема на располагање неколку играчи како Матиќ, Ерера, Бејли и Валенсија, но Солскјер верува дека постои начин да го запре Меси и да ја помине Барселона. Она што е сигурно е дека утре вечер сите погледи ќе бидат свртени кон „Олд Трафорд“, а Јунајтед и Барса како клубови секако заслужуваат огромен респект.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така во минатото има голем број играчи го носеле дресот на едниот и другиот клуб, а британски „Сан“ избра седум.
Марк Хјуз – Играше за Јунајтед од 1978 до 1986 година како и во периодот од 1988 до 1995, додека во Барселона исто така помина некое време. Него Барселона го доведе за два милиони фунти во 1986 и го спои со Гери Линкер, но Велшанецот не се прослави биејќи постигна само пет голови во првата сезона за Каталонците и замина во Баерн на позајмица.
Жорди Кројфт – Синот на легендарниот Јохан како 14 годишник пристигна во Барселона по стапките на неговиот татко. Помина две години во Барселона Б, за потоа да заигра за првиот тим каде што постигна гол и тоа во победата над Јунајтед од 4:0 во 1994 година. Две години подоцна направи трансфер во Јунајтед, но имаше многу повреди и на крајот за Јунајтед одигра само 58 натпревари и постигна осум голови.
Лорен Блан – Прославениот француски стопер во Барселона беше во сезоната 1996/97, а потоа од 2001 до 2003 играше за Манчестер Јунајтед.
Блан две години помина во Марсеј, потоа две во Интер, за на карајот да заигра под водство на Фергсуон.
Жерар Пике – Започна во Барселона, беше во клубот до 2004 година, после што се пресели во Манчестер Јунајтед. Но, после четири години (вклучувајќи и ја и позајмицата во Сарагоза) и само 12 настапи во Премиер лигата се врати во Каталонија и направи вистински потег.
Виктор Валдес, славниот голман од 1995 до 2014 година беше дел од Барселона, а на „Олд Трафорд“ бранеше во сезоната 2015/2016 како втор или трет голман. Уште еден од играчите кои дојдоа од познатата Ла Масија. Валдес во првиот тим на Барселона влезе во 2002 година, но до крајот на сезоната беше резерва на Роберто Бонана.
Хенрик Ларсон – Шведскиот напаѓач кој остави голема трага во неколку европски клубови за Барселона играше од 2004 до 2006 година, а во 2007 година беше во Манчестер. Неговата авантура во Барселона беше завршена со повреда, па одигра само 17 натпревари и постигна четири гола, а во 2006 година одлучи да се врати во Хелсигбор.
Златан Ибрахимовиќ исто така го носеше дресот на два клуба. Во Барса беше од 2009 до 2011 година, а во Манчестер играше од 2016 до 2018.