Она што се најавуваше претходно денес доби и официјална потврда, нашиот најголем спортски објект место „Филип Втори“ од денес го носи името на музичката легенда Тоше Проески.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најголемата фудбалска арена ќе носи име по музичка легенда…Да, тоа е малку чудно, чудно беше и што носеше име на историска личност…Зарем ние немаме спортисти и прославени фудбалери кои заслужуваат да им биде одадено почит на таков начин?
И да веднаш да кажеме Тоше е легенда во секоја смисла на зборот и можеби личност каква што оваа земја повеќе никогаш нема да има. Заслужува почит и тоа огромна, но се си има свое место, барем така е во светот…За жал не и кај нас.
Помладите ќе ги кажат Пандев и Панчев, но и пред нив сме имале фудбалери на кои не им е одадено почит каква што заслужуваат.
На постарите љубители на фудбалот веројатно на памет им паѓа Кирил Симоновски – Џина.
Џина е единствениот наш фудбалер што пред војната има настапено за некоја национална селекција и тоа за Б- репрезентацијата на две средби со Романија. За најдобрата репрезентација на Југославија има одиграно 11 натпревари. По Втората светска војна „сините” првиот официјален натпревар го одиграла во Прага и ја победиле Чехословачка со 0:2. Натпреварот се одиграл на 9 мај 1946. Кирил Симоновски бил капитен.
Тука е и Благоје Видиниќ – најтрофејниот македонски фудбалер.
Најтрофејниот македонски фудбалер. Почетоците ги има во Вардар за кого има одиграно 144 натпревари. Дебитираше во 1952 година против БСК во Скопје (1:0). Има настапувано и за екипите на Раднички (Белград), Сион (Швајцарија) и Клиперси (Калифорнија).
Во младинскaта репрезентација која што беше европски првак има три натпревари. Има два настапи за младата и еден за Б- селекцијата. За најдобрата репрезентација на Југославија има осум натпревари и три медали.
Има играно на ОИ во Мелбурн 1956 и Рим 1960 година. Од првата олимпијада се враќа со сребрен медал, а на следната го брани голот на олимпискиот шампион. Во финалето во Рим, Југославија беше подобра од Данска со 3:1…
Има и уште имиња како голманската легенда на Вардар Драган Мутибариќ – Муто, Илија Најдоски, стрелецот на првиог гол на официјален натпревар за Македонија Зоран Бошковски…
Ова се само примери веројатно на памет ќе ви падне и уште некое, но сите овие спортски легенди останаа заборавени (барем со овој потег), а името на Тоше ќе стои каде што не му е место…
Пишува: Стефан Даскалов