Судирот на двата најтрофејни италијански клуба на „Алијанц стадионот“ му припадна на домаќинот. Јувентус со пресврт славеше 2:1 и така создаде предност од 21 бод во однос на Наполи кој денес го игра својот натпревар против Џенова.
Натпреварот во Торино беше обележан со лошото судење на Михаел Фабри кој евидентно ако судиме по вчерашната средба не е дораснат да суди дерби натпревари иако во јануари ја доби ФИФА значката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фабри во првото полувреме после прегледувањето на ВАР снимките не досуди пенал за гостите после играта со рака во шеснаесетникот на Алекс Сандро. Ја гледаше повторената снимка, но неговото судиско убедување беше дека нема пенал.
Il clamoroso rigore non assegnato al Milan. #JuventusMilan pic.twitter.com/hSCrDaVveW
— Andrea (@andrea____182) April 6, 2019
Во второто полувреме тој им нанесе штета и на домаќините. После еден корнер поништи гол на Моис Кин бидејќи наводно Леонардо Бонучи го фаулирал Криштоф Пјонтек иако полскиот напаѓач сам падна во својот шеснаесетник.