Навивачите на Ајакс со право може да се плашат дека на крајот на сезоната ќе го изгубат најдобриот фудбалер – Душан Тадиќ.
Токму српскиот репрезентативец ја најави таа можност во текот на разговорот за „Fox Sport“, откако што ја доби наградата за играч на месецот март во холандската лига.
„Фудбалот е непредвидлив. Понекогаш помислуваш да останеш, па се случуваат некои работи. Сепак, не размислувам сега за можен трансфер, не сакам да се оптеретувам. Дури му кажав и на мојот менаџер ништо да не ми кажува до крајот на сезоната, бидејќи сакам да се фокусирам на натпреварите. Најважно ми е дека сум среќен тука и дека уживам во секој момент. Ќе видиме што ќе се случи, но го сакам клубот и сите околу него: навивачите, соиграчите, баш сите“, изјави Тадиќ.