Дома Топ вести Милан започна преговори за „новиот Пирло“

Милан започна преговори за „новиот Пирло“

18-годишниот Сандро Тонали е новиот „бисер“ на италијанскиот фудбал и за неговиот потпис буквално се „тепаат“ најголемите клубови на Апенините.

Станува збор за играч за врска со исклучителна техника и визија, кој веќе го доби епитетот „новиот Пирло“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Моментално игра за Бреша, но ги привлече вниманието на најголемите италијански клубови кои веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Рома, Интер, Милан, Јувентус и Фиорентина се силно заинтересирани да потписот на Тонали, а неговиот агент откри дека „росонерите“ се најблиску до неговиот потпис.

Имено, медиумите на Апенините откриваат дека спортскиот директор на Милан, Леонардо веќе се сретнал со неговиот агент и ги започнал преговорите за негов трансфер на „Сан Сиро“.

Тонали не крие дека е навивач на Милан и голем фан на Џенаро Гатузо, па тој самиот преферира да го облече дресот на „росонерите“.

Милан е спремен за неговиот потпис да понуди 20 милиони евра, додека Бреша во моментов бара најмалку 25 милиони евра за неговата слобода.Сепак, се очекува двете страни набрзо да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.

Милан се бори за излез во Лигата на шампиони и доколку обезбеди пласман во најелитниот турнир сигурно ќе има поголем буџет за засилувања, а средниот ред ќе биде приоритет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…