Многу прашина се крена на Апенините после натпреварот помеѓу Каљари и Јувентус. Јувентус славеше на гостувањето со головите на Бонучи и младиот Моис Кин, а токму тие двајца се во центарот на вниманието после натпреварот.
Талентираниот напаѓач на Јувентус Моис Кин постигна гол и ги постави конечните 0:2 во тој натпревар, а додека го прославуваше голот наиде на расистички навреди од страна на домашните навивачи, навивачите на Каљари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После расистичкиот инцидент се огласи Леонардо Бонучи и со неговата реакција предизвика многу негативни реакции.
Искусниот стопер не застана во целост во одбрана на Кин, туку порача дека и Кин има дел од вината бидејќи славел пред противничките навивачи.
„Имаше расистички навреди после голот. Блез Матуиди ги слушна и беше лут. Мислам дека вината е 50-50 бидејќи Моис не требаше да слави пред навивачите на Каљари. Ние сме професионалци и мораме да бидеме пример, не треба никого да провоцираме“, изјави Бонучи.
Меѓутоа партнерот на Бонучи од одбраната Џорџо Киелини му покажа како треба да се однесува еден лидер на тимот и јасно застана во одбрана на Кин.
„Моис е голема добивка за италијанскиот фудбал, златно момче кое дава се од себе. Не се сеќавам што точно се случуваше додека бев на теренот, но ги видов снимките и фотографиите можам да кажам дека Моис не направи ништо лошо, не провоцираше никого“.
„На него мораме да гледаме како и на Заниоло, Киеза, Барела…Како на иднината на италијанскиот фудбал, тој го заслужува таквиот статус“.
„Единствено нешто што погреши на овој натпревар беше неговиот обид за симулирање, а сигурен сум дека повеќе нема да се обидува со такви работи. Тука е за да учи. Тој е многу позитивна личност и не ги заслужи навредите кои му беа упатени“, изјави Киелини.