Дома Македонски спорт Мак фудбал Муслиу обезбеди победа за Шкендија, Вардар само до бод против Победа

Муслиу обезбеди победа за Шкендија, Вардар само до бод против Победа

Tимот на Шкендија се враќа со минимална победа од 1:0 во Струмица каде што ја совлада Академија Пандев, додека Вардар одигра реми без голови во натпреварот против последнопласираниот тим на табелата, Победа.

Денес во македонското првенство на пет натпревари беа постигнати само шест погодоци.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Изненадување приреди Победа која остана непоразена против Вардар.

Црвено-црните очекуваа победа против тимот кој многумина го отпишаа, но сепак тие освоија бод.

После овој кикс на Вардар, Шкендија на првата позција има 10 бода повеќе од црвено-црните.

Шкендија во Струмица против Академија Пандев славеа со голот на Муслиу.

Работнички во првиот натпревар после промената на тренерот одигра 1:1 против Беласица. Натпреварот помеѓу Силекс и Македонија Ѓ.П заврши со истиот резултат, додека Ренова запиша минимална победа против Шкупи со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…