Заборавениот норвешки фудбалер Мартин Одегард вечерва посебно воодушеви со еден дриблинг.
Витесе и АЗ Алкмар ремизираа со резултат 2:2 во 28-то коло од холандското првенство.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иако гостите имаа предност од 2:0 на крајот освоија само бод бидејќи Витесе во вториот дел постигна два гола.
Мартин Одегард ги одигра комплетните 90 минути во овој натпревар, а со еден потег засени се што се случуваше на теренот.
Со овој потег Одегард потсети на времето кога за него се пишуваше како за еден од најталентираните фудбалери во светот, сепак за него секако дека се уште има време.