Дома Фудбал Англија Пристигна веста која ќе ги израдува сите навивачи на Арсенал

Пристигна веста која ќе ги израдува сите навивачи на Арсенал

Капитенот на Арсенал, Мартин Oдегард конечно се опорави од повредата и се врати со остатокот од тимот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Норвежанецот денеска на ден пред дуелот со Интер во Лигата на шампионите одработи комплетен тренинг со тимот и речиси сигурно е дека ќе биде на клупата за резервни играчи.

Одегард е надвор од терените цели два месеци, а оваа сезона одигра само три натпревари за Арсенал, па повеќе од јасно е колку му недостигаше на Микел Артета.Едноставно, Арсенал не е истиот тим без него и затоа е вистинскиот момент за враќање на капитенот.

Арсенал во ЛШ гостува кај кај Интер, а потоа и кај Челзи, по што следи репрезентативна пауза.

Се очекува Норвежанецот да добие шанса од клупата на овие два натпревари, а потоа повторно да биде редовен стартер по ноемвриската пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…