Крилниот фудбалер на Јувентус, Даглас Коста ова лето ќе биде цел на многу клубови.
Коста во моментов се опоравува од повредата, еден од многуте поради што и оваа сезона помалку го гледавме на теренот, но без оглед на тоа, тој ќе има многу понуди за продолжување на неговата кариера.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Добро е познато какви фудбалски квалитети поседува овој Бразилец, па нема да ве чуди кога ќе прочитате дека за неговите услуги се заинтересирани големи клубови како Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Манчестер Сити. Споменатите клубови ова лето ќе направат се што е во нивна можност за да дојдат до неговиот потпис.
Инаку, тој има договор со Јувентус до 2022. година, но со оглед на тоа што не игра многу, дури и кога е целосно подготвен, веројатно ќе одлучи да си замине. Пред Јувентус, Коста играше за Баерн Минхен и Шахтјор. Во текот на оваа сезона запиша 24 натпревари на кои постигна еден гол и запиша две асистенции.