Мауро Икарди после цели два месеци се врати во тимот на Интер и утре ќе биде во стартниот тим на мечот против Џенова.
Сепак, после целиот скандал јасно е дека неговите денови на „Џузепе Меаца“ се изброени, па најверојатно ќе ја промени средината на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најзаинтересираните клубови за потписот на Аргентинецот е Реал Мадрид, а италијанските медиуми пренесуваат дека може да дојде до спектакуларна трампа помеѓу двата клуба.
Имено, миланскиот гигант настојува „кралевите“ во зделката да го вклучат францускиот напаѓач Карим Бензема, плус одредена сума на пари.
Икарди моментално е приценет помеѓу 70 и 80 милиони евра, додека цената на Бензема се движи околу 50-60 милиони евра.
Меѓутоа, проблем е што тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан не сака по никоја цена да се откаже од Бензема. Тој сака да го донесе Икарди на „Сантиаго Бернабеу“ за да биде алтернатива на Французинот.
Во секој случај Икарди ќе биде многу „жешка“ тема во летниот преоден рок.
? @Benzema is the FIRST player in LaLiga history to score against every team he has faced!
? 34 teams
?: https://t.co/r5pLTfCBIj | #RMLiga pic.twitter.com/nJgcw9dzZt— Real Madrid C.F. ???? (@realmadriden) April 1, 2019