Голманот на Милан направи голема грешка во поразот на Милан од Сампдорија.
Секако после оваа средба новинарите имаа што да го прашаат младио голман кој му направи проблеми на својот. Донарума немаше што премногу да кажае на оваа тема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се случува што да правам?“, изјави Донарума и додаде:
„Моите колеги ме тешеа и ми кажаа да не размислувам за тоа бидејќи тоа би било бескорисно. Мораме да тргнеме напред утре имаме важен натпревар и мораме да победиме. Се уште можеме да бидеме четврти“, порача талентираниот голман.
Новинарот потоа го запраша Џиџи дали наредната сезона ќе брани кај Силвио Берлускони во Монца.
„Да, веќе ме повика и се договоривме,“, изјави Донарума.
Секако, стануваше за првоаприлска шега од страна на голманот на Милан.
Неодамна се појавија информации дека Донарума ќе потпише нов договор со Милан.
Актуелниот договор на Донарума со Милан истекува во 2021 година, но раководството е спремно да му понуди нов, побогат договор.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека двете страни се блиску до договор и наскоро Џиџо ќе стави потпис на нов договор со кој ќе се обврзи на верност до 2024 година со „росонерите“.
Младиот голман во моментов е најплатен играч во Милан со годишна плата од 6 милиони евра, а со новиот договор ќе заработува 7 милиони евра по сезона.