Легендарниот аргентински напаѓач, Габриел Батистута одлучи да даде свој коментар на се што се случува со неговиот сонародник Мауро Икарди во екипата на Интер.
Икарди веќе подолго време е надвор од екипата на Интер. Иако се врати на тренинзите, повторно го немаше на синоќешниот натпревар против Лацио и натпреварот го гледаше од трибините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно тренерот Спалети одлучил повторно да го испрати на трибините бидејќи одбил да зборува пред остатокот од екипата, а Батистута, кој ја заврши кариерата во Интер изјави:
„Не знам што се случува со Икарди. Веројатно има одредени проблеми во соблекувалната. Сепак, работите од соблекувалната треба таму да останат. Мојата жена никогаш не би коментирала за мојата работа.“ – изјави Батистута.
Батистута во Интер одигра 12 натпревари во сезоната 2002/03. Постигна два гола, а најголем траг остави во Фиорентина, каде е вистинска легенда.
Во дресот на Виола од 1991. до 2000. година запиша 333 настапи и постигна 207 погодоци.
Легендарниот аргентински играч важи за еден од најголемите напаѓачи кои некогаш се појавиле на фудбалските терени.