Дома Фудбал Останато Паненката на Ибра ги „фрли“ во транс Американците (ВИДЕО)

Паненката на Ибра ги „фрли“ во транс Американците (ВИДЕО)

Фудбалерите на ЛА Галакси на свој терен славеа против Портланд со 2:1.

Во петото коло од новата сезона ЛА Галакси успеа да дојде до четвртата победа и тоа благодарение на Златан Ибрахимовиќ кој ги постигна двата гола за својот тим и го врати тимот на првата позиција на источната конференција.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


ЛА Галакси до предност стигна во 33 минута кога судијата им досуди пенал, Ибра беше сигурен од белата точка за 1:0.

Само десетина минути подоцна гостите изедначија на 1:1. После одличната акција топката стигна до Ебобисе кој погоди за 1:1.

Меѓутоа ЛА Галакси во второто полувреме успеа да дојде до победа и тоа уште еден гол на Ибрахимовиќ од пенал. Во 65-тата минута судијата повторно покажа на белата точка и Ибрахимовиќ одново ја превзема одговорност. Овој пат Швеѓанецот се одлучи за паненка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн спреми богата понуда за Леао

Ѕвездата на Милан Рафаел Леао побарал да биде продаден за време на летниот трансфер период…