Дома Фудбал Останато „Аир Џордан“ ќе прави и копачки – еден дизајн е навистина чуден (ФОТО)

„Аир Џордан“ ќе прави и копачки – еден дизајн е навистина чуден (ФОТО)

Веројатно не постои спортски фан на светот кој не би сакал да има еден пар „Аир Џордан“ кој ги произведува „Најк“.

„Најк“ и Мајкл Џордан од поодамна започнаа соработка и тој бренд стана еден од најпрепознатливите во светот, а после кошарката сега ќе се обидат и да го освојат пазарот во фудбалот.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Оваа сезона „Аир Џордан“ за прв пат се појави во фудбалот со појавувањето на дресовите на Пари Сен Жермен кој ги дизајнираше „Најк“. Меѓутоа, не планираат тука да застанаат, сакаат и да се прошират на пазарот бидејќи „Аир Џордан“ планира да дизајнира и копачки за фудбалерите.

„Аир Џордан“ веќе дизајнира копачки за американски фудбал, а после дресовите на Пари Сен Жермен одлучија да дизајнираат и копачки за најважната споредна работа во светот.

На друштвените мрежи веќе се појавија фотографии од потенцијалниот изглед. Фотографиите беа објавени од реномираниот „Л’Eкип“. Меѓутоа овој дизајн изгледа навистина очајно и сигурно дека ваквите копачки на „Аир Џордан“ нема да предизвикаат воодушевување.

Меѓутоа објавена беше и фотографии од друг дизајн кој е далеку подобар од претходниот. Ваквите копачки навистина изгледаат одлично, а наводно нив во наредната сезона би требало да ги носи најскапиот фудбалер во светот и прва ѕвезда на Пари Сен Жермен, Бразилецот Нејмар.

Останува да почекаме и да видиме какви промени ќе донесе овој бренд во европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигат договор: Менди во Реал до 2027 година!

Реал Мадрид и Ферлан Менди постигнаа договор да ја продолжат соработката до 2027 година, п…