Дома Фудбал Адидас спреми специјални копачки за Меси по повод 15 годишната соработка

Адидас спреми специјални копачки за Меси по повод 15 годишната соработка

Лионел Меси вечерва би требало да заигра за прв пат во новата сезона и тоа во натпреварот од првото коло во ЛШ против Борусија Дортмунд.

Каталонскиот клуб новата сезона во ЛШ ја отвара на тешко гостување во Дортмунд, но пред овој натпревар навивачите добија убави вести бидејќи Меси конечно се врати во екипата и ќе конкурира за вечерашниот натпревар.

Меси се повреди на петти август и нема настап во дресот на Барса уште од претходната сезона. Аргентинецот ги пропушти припремите и четири натпревари во Ла Лига, но сега конечно е на располагање.

Меси од почетокот на следниот месец ќе носи посебни копачки креирани за него од Адидас. Меси и Адидас соработуваат веќе 15 години, а по тој повод Меси ќе добие специјални златни копачки. Во нив би требало да заигра на почетокот од октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…