Дома Трансфер зона Челзи прави „очајнички“ потег за да го задржи својот „бисер“

Челзи прави „очајнички“ потег за да го задржи својот „бисер“

Младата ѕвезда на Челзи, Калум Ходсон-Одој е главна мета на Баерн Минхен кој за него понуди 40 милиони евра во јануарскиот преоден рок.

Челзи експрено ја одби таа понуда, но Баерн не се откажува да го донесе 18-годишниот офанзивен фудбалер во Минхен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Иако Ходсон-Одој јавно побара да му биде дозволен трансфер и сака да се пресели во Баерн, сепак раководството на Челзи донесе конечна одлука – нема да го продава по никоја цена.

Ова е секако неверојатен и розичен потег за „сините“, бидејќи младиот фудбалер има договор до 2020 година, па следното лето може да го напушти „Стенфорд Бриџ“ без обештетување како слободен агент.

Тоа ќе значи голема загуба за Челзи, кој моментална од неговата продажба може да заработи најмалку 40 милиони евра.

Талентираниот фудбалер сака да си оди и одби да потпише нов договор, но раководството на Челзи е одлучно во намерата да го задржи во своите редови. Англиските медиуми тврдат дека „сините“ се спремни да му понудат богат договор на 18-годишниот фудбалер од 100.000 фунти неделно за да го убедат да остане на „Стенфорд Бриџ“.

Ходсон-Одој оваа сезона има само 19 настапи за Челзи на кои успеа да постигне 5 гола и да запише четири асистенции, а неодамна дебитираше и за англиската репрезентација.

https://youtu.be/2VsetHXJkwo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…