Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди може да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, пренесува познатиот италијански новинар Танкреди Палмери.
Иднината на Мауро Икарди е главна тема на Апенините веќе подолго време. Аргентинецот одби да игра за Интер откако му беше одземена капитенската лента со изговор дека е повреден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред неколку дена повторно почна со тренажен процес и се очекува наскоро да се врати на терените, но многу веројатно Икарди ја игра последната сезона на „Џузепе Меаца“. Барем така тврди познатиот италијански новинар Танкреди Палмери.
Така се почести се шпекулациите за неговата иднина, а една од најспоменуваните дестинации е Реал Мадрид.
„Кралевите“ на лето ќе прават реконструкција на тимот и Зидан сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе Арентинецот на „Сантиаго Бернабеу“.
Познатиот новинар пренесува дека утрово раководството на Реал имало состанок, а главна тема бил кому Икарди. Цената на напаѓачот падна во последно време, па медиумите тврдат дека Интер ќе го пушти да замине за сума од 80 милиони евра.
За Реал Мадрид таа сума воопшто нема да претставува проблем, но сепак тренерот и директорите сакаат да ги разгледаат сите аспекти од трансферот, бидејќи во Икарди гледаат идеален наследник за Карим Бензема.
Останува времето да покаже дали информациите на Палмери се точни, а тоа ќе го дознаеме во летниот преоден рок во кој се очекува Реал Мадрид да направи голема реконструкција.
BOOM! Real Madrid having today a summit for Icardi!
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) March 28, 2019