Дома Фудбал Останато Роналдо откри зошто е во посета на Барселона, не е поради повредата (ФОТО)

Роналдо откри зошто е во посета на Барселона, не е поради повредата (ФОТО)

Италијанските медиуми денес објавија дека Кристиано Роналдо отпатувал во Барселона со цел да одработи дополнителни лекарски прегледи поради повредата на задната ложа.

Роналдо повредата ја заработи на натпреварот од квалификациите за Европското првенство помеѓу Португалија и Србија кога селекторот на Португалците го замени во првото полувреме. После натпреварот Роналдо даде изјава во која наведе дека очекува за две недели да се врати на терените.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Првата ѕвезда на Јувентус побара измена во моментот кога почуствува болка во задната ложа и едноставно не сакаше ништо да ризикува со оглед на важниот период на сезоната кој му следи во Јувентус.

„Неговата состојба ќе биде следена и дополнително ќе направиме нови прегледи после кои ќе можеме да потврдиме кога точно ќе биде спремен за настап“, стоеше во сооштението кое Јувентус го објави вчера после направените медицински тестови над Роналдо.

Медиумите на Апенините денес објавија дека Роналдо отпатувал во Барселона со цел да се консултира со докторите во приватна болница во овој град.

Меѓутоа таа вест не се покажа како точна. Роналдо навистина е во Барселона, но поради сосема друга причина.

Роналдо на својот Инстаграм профил објави видео и фотографии на кои потврди дека се наоѓа во Барселона, а причината на неговата посета се спонзорските обврски кои ги има кон компанијата „Најк“ со која соработува подолг период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…