Според пишувањето на италијанските медиуми, управата на Милан ќе биде активна во текот на летниот трансфер период.
Росонерите имаат во план сериозно да го засилат тимот и да станат се поконкурентни во борбата за највисоките успеси, а на „чизмата“ се повеќе се шпекулира за потенцијалните засилувања за кои наводно се наоѓаат во тетратката на нивниот тренер, Гатузо.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Сент Максимен, Соарес, Тонали, Вигл, Милинковиќ-Савиќ..., се само некои од имињата кои претходните денови се поврзуваа со трансфер во Милан, а желба на италијанскиот клуб наводно е и 23-годишниот Стефано Сенси кој во последно време игра одлично во Сасуоло.
Наводно Милан подготвил 20 милиони евра за да го доведе Сенси на „Сан Сиро“, а на Апенините пишуваат дека спортскиот директор на Милан, Леонардо сака да го доведе уште во јануари, но дека тогаш Сасуоло не се согласил да го продаде играчот кој е важен за нивниот тим на сред сезона.
За Сенси исто така се интересираат и Барселона и Интер, така да пред Милан не е лесна задача. Сенси оваа сезона во Серија А настапи на 21 натпревари, со што настапи на речиси 1500 минути, а на своето конто има еден гол со две асистенции. Дека станува збор за одличен играч говори и фактот што Роберто Манчини му даде шанса и во репрезентацијата на Италија.