Баерн го договори трансферот на Лукас Хернандез, пишува „France Football“.
Левиот бек на француската репрезентација и Атлетико Мадрид требаше да се пресели во Минхен уште во јануари, но клубовите на крајот не успеаа да се договорат. Меѓутоа, Французите денеска пишуваат дека сега работата е завршена и дека Лукас од 1. јули официјално ќе биде нов играч на Баерн.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Ќе потпишат договор кој ќе вреди до 2025. година, а Баерн ќе му плати на Атлетико Мадрид оштета од 85 милиони евра. Французинот по сезона ќе заработува 13 милиони евра и веднаш ќе стане еден од најплатените во соблекувалната. Повеќе заработува само Роберт Левандовски кој има плата од 17 милиони евра и Томас Милер и Жером Боатенг кој имаат плата од 16 милиони.
??? – Lucas Hernandez au Bayern Munich pour 85 millions d’euros (@francefootball)
⏩ https://t.co/cCBUZy74QS pic.twitter.com/RNRWYDXoYm
— Yahoo Sport France (@YahooSportFR) March 25, 2019