Шпанските медиуми денеска објавија дека Алберто Морено донел одлука кариерата да ја продолжи во Барселона.
Морено веќе неколку сезони е член на Ливерпул, но во последно време го нема во плановите на Јирген Клоп. Неодамна се појави приказна дека Барселона го сака овој лев бек како резервна опција за Жорди Алба кој е единствениот играч на таа позиција во каталонскиот клуб. Дека тука нешто има потврди и агентот на шпанскиот играч кој призна дека е во контакт со Барселона. Каталонскиот „Спорт“ денеска објави дека преговорите се во завршна фаза и дека Морено одлучил да потпише за Барселона.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Овој 26-годишен фудбалер во Барселона ќе дојде како слободен играч, а треба да потпише соработка на две години. Морено има искуство во играњето во Ла Лига со оглед на тоа што пред Ливерпул настапуваше за екипата на Севиља. Морено во Ливерпул пристигна од Севиља за околу 15 милиони евра летото 2014. година. Со „Црвените“ има договор до крајот на сезоната и на лето како слободен играч ќе го напушти „Енфилд“.