Дома Фудбал Репрезентации Во Јувентус стравуваат: Се повреди Роналдо!

Во Јувентус стравуваат: Се повреди Роналдо!

Во овие моменти во рамките од квалификациите за Европското првенство помеѓу другите натпревари играат и репрезентациите на Португалија и Србија.

Репрезентацијата на Србија имаше добар почеток и ги изненади Португалците. Руи Патрисио беше невнимателен во својот шеснаесетник каде што го собори Гачиновиќ, а главниот судија Марчинијак покажа на белата точка. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Душан Тадиќ. Подоцна Данило со прекрасен погодок изедначи на 1:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа она што можеби повеќе ги загрижува Португалците е повредата на Кристиано Роналдо. Роналдо при еден трк застана и седна на тревникот по што гестикулираше дека не може да продолжи, па мораше да биде заменет.

Оваа повреда на Роналдо сигурно ги загрижува и фановите на Јувентус со оглед на тоа што пред италијанскиот тим е најважниот дел во Лигата на шампионите каде што ќе играат против холандски Ајакс.

Засега се шпекулира дека станува збор за истегнување на мускулно влакно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…