Дома Фудбал Манџукиќ останува верен на „старата дама“

Манџукиќ останува верен на „старата дама“

Шпекулациите за иднината на Марио Манџукиќ наскоро ќе прекинат со оглед на фактот што хрватскиот напаѓач ќе остане верен на „старата дама“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Тутоспорт“, весник близок до Јувентус пренесува дека двете страни постигнале договор и наскоро Манџукиќ ќе стави потпис на нов договор.

Со новиот договор напаѓачот ќе добие значително подобри финансиски услови и истиот ќе биде продолжен на уште две години.

Актуелниот договор на Манџукиќ истекува во јуни 2020 година и според него Хрватот годишно заработува 3,5 милиони евра, плус бонуси.

Наскоро Хрватот ќе стави потпис на нов договор до 2021 година според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона, открива „Тутоспорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…