Дома Фудбал Репрезентации Поранешен аргентински фудбалер се обиде да објасни зошто Меси не е ист во Барса и Аргентина

Поранешен аргентински фудбалер се обиде да објасни зошто Меси не е ист во Барса и Аргентина

Враќањето на Лионел Меси во Аргентина не помина како што се очекуваше бидејќи „Гаучосите“ доживеаа тежок пораз од Венецуела со 3:1 во пријателскиот натпревар.

Меси после неуспешното Светско првенство најави крај на репрезентативната кариера, но сега повторно се стави на располагање на националниот тим. Против Венецуела играше, но неговиот тим доживеа пораз.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Овој настап на Меси беше причина повторно да се отвори темата за неговите настапи во дресот на репрезентацијата и Барселона.

Во фудбалскиот свет се отвори голема дебата, а сега целата ситуација се обиде да ја објасни поранешниот аргентински репрезентативец, Даниел Пасарела.

„Тој е голем играч кој може многу да даде на било кој тим“, започна Пасарела за „Марка“ и продолжи:

„Но, кога игра за Барселона има поинаков став и е многу подобар таму. Понекогаш се случуваат такви работи. Добро играте за репрезентацијата и ве сакаат, но не се чуствувате опуштено и нешто не се вклопува. Не знам што е, но би можело да биде нешто кое го чуствувате од внатре“, објаснува поранешниот аргентински фудбалер.

Меси во во дресот на Барселона оваа сезона на 36 натпревари постигна 39 голови и се надева на тројна круна. Од друга страна за аргентинската селекција на 129 натпревари од 2005 година 65 пати се запиша во листата на стрелци.

Вчера во медиумите се појави и видео кое многумина го понудија како доказ зошто Меси не е ист во репрезентацијата и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…