Дома Фудбал Англија „Пол Сколс беше подобар од сите, па дури и од Кристијано Роналдо“

„Пол Сколс беше подобар од сите, па дури и од Кристијано Роналдо“

Кристијано Роналдо без дилеми е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неверојатниот Португалец класата ја докажа во Манчестер Јунајтед, а потоа продолжи во Реал Мадрид и сега во Јувентус.

Сепак, за поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Американецот Џонатан Спектор, на Олд Трафорд имало и подобри.

Спектор на Олд Трафорд пристигна во 2004. година. Играше со многубројни врвни фудбалери, но без никакви дилеми тврди дека Пол Сколс на теренот бил класа пред сите, па дури и пред Роналдо.

„Имав среќа да играм со некои од најдобрите фудбалери на сите времиња и многу научив од нив. Би било лесно да кажам дека најдобар е Роналдо, но ќе бидам искрен и ќе кажам дека Пол Сколс беше најдобриот играч со кој сум играл.“ – изјави Спектор.

За разлика од Роналдо и Сколс, Спектор не остави голем трах на Олд Трафорд. Одигра само осум натпревари во три сезони, а после тоа настапуваше за Вест Хем, Бирмингем и Орландо Сити.

Неодамна 33-годишниот дефанзивец се врати на Островоти потпиша договор со шкотски Хибернијан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Војна и во фудбалот: Голем дел од делгацијата на Иран не доби визи за влез во САД!

Соединетите Американски Држави одбија да издадат визи на дел од стручниот и административн…