Македонија против Летонија ќе ги стартува квалификациите за пласман на Европското Првенство во 2020 година. Според противникот, ова е право време за прв пат после десетина години, Македонија да започне со победа во еден квалификациски циклус. Имаме добри фудбалери, одлична генерација и сега е вистинскиот момент за успех.
ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СЕРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дуелот против Летонија е од голема важност за македонската фудбалска репрезентација. Победа за Македонија е единствена опција, ако се земат во предвид амбициите на нашата селекција. Овој меч е и идеална шанса да се продолжи со позитивни резултати по успешниот настап во Лигата на Нации, но и одличните натпревари со кои го заокруживме минатиот квалификациски циклус. 12 натпревар и само еден пораз за Македонија. Низата започна од гостинската победа од 0:1 против Израел во Хаифа. Од тогаш Македонија има уште 11 Победи против (Израел, Лихтеншнтајн на три пари, Норвешка, Гибралтар два пати и Ерменија), четири ремија (Албанија, Италија, Финска, Азербејџан) и еден пораз против Ерменија на гости.
Желбата на македонските репрезентативци е да се продолжи и низата од официјални квалификациски дуели на кои се постигнува барем по еден погодок. Последен пат кога Македонија не успеала да запише гол на квалификациски дуел е на 12-ти ноември 2016 година во поразот од Шпанија на гостински терен. Воедно, тоа беше и единствениот натпревар од десетте во квалификациите за СП 2018 во кој Македонија не постигна гол.
МАКЕДОНИЈА Е ФАВОРИТ
Македонија е фаворит и според сите сегменти на фудбалската игра. Според имињата на фудбалерите, според рејтингот, формата, поради домашниот терен. Тешко е да се најде нешто, во што Летонија е подобра, освен можеби во скок играта при прекини. И коефициентите се на страната на Македонија па за домашна победа коефициентите постојано опаѓаат. Букмејкерите доделија коефициент 1.42 за победа на Македонија. За победа на Летонија пак коефициентот во 1хBet е дури 11.00. За нерешен резултат коефициентот е 4.45. Ова најдобро ја отсликува рамнотежата помеѓу двете селекции и фаворитската улога на Македонија.
СЕЛЕКТОРОТ СТОЈАНОВИЌ Е НАЈСИЛНА АЛКА НА ЛЕТОНИЈА
Летонија во овие квалификации влегува со нов селектор, по очајниот настап во Лигата на Нации. Нов селектор е словенецот Славиша Стојановиќ, за кого мечот со Македонија ќе биде негово деби за клупата на Летонија. Ова е негов втор селекторски предизвик, откако во 2012 година ја предводеше и Словенија, но не така успешно, па се задржа на клупата само една година. Сепак, тој има големо тренерско искуство водејќи неколку познати екипи од регионот, но и пошироко. Беше предводник на Црвена Звезда со која освои шампионски трофеј, а со Домжале освои две титули во Словенија. Работеше неколку години и на истокот, односно во ОАЕ и во Кина, а една сезона го предводеше и белгиски Лирс. На клупата на Летонија седна по неговиот ангажман во бугарски Левски.
КАТАСТРОФАЛНАТА СЕРИЈА НА ЛЕТОНИЈА
Летонија беше катастрофална во Лигата на Нации и одигра под сите очекувања. Немаше забележано ниту една победа во група со Грузија, Казакстан и аматерската селекција од Андора. Четири ремија и два порази беше нивниот биланс, па селекторската смена беше очекувана. На два пати Летонија загуби од Грузија, додека со Казакстан и Анфора беше нерешено. Уште позагрижувачка беше играта на Летонија, која беше надиграна дури и од Андора.
Нивната игра се базира на цврстина и ништо друго. Во отсуство на технички квалитети, токму цврстината е нивната најсилна страна. Најопасни се по прекинитем, кога нивниот физикус доаѓа највеќе до израз. Тоа ќе биде нивната игра и под водство на Стојановиќ, кој во Македонија ќе игра затворен фудбал и ќе ја чека својата шанса од прекините.
ЛЕТОНИЈА ОСЛАБЕНА
Новиот селектор на Летонија, Славиша Стојановиќ пристигна во Скопје. Српскиот стратег во пресрет на патот до Македонија мораше да го направи последниот „рез“ и од првичниот состав изостави тројца фудбалери, меѓу кои и најискусниот Алексеј Вишњаковс од ФК Рига.
35-годишниот Вишњаковс е еден од најпознатите летонски репрезентативци кој во националниот тим настапува повеќе од 15 години и досега има 79 настапи и 5 гола.
Вишњаковс веќе се вратил во својот клуб “Рига” и е последниот во листата од тројца фудбалери кои отпаднаа од компбинација за пат во Скопје. Во понеделникот, новиот предводник на летонскиот тим од списокот ги извади и Артурс Зуинзин (“РФС”) и Евгениј Казачо (“Вентспилс”).
Најпознати фудбалери кој ќе играат во Македонија остануваат Максименко од Олимпија Љубљана, Тарасовс од полски Сласк, Улдрикис од Сион. Речиси целиот преостанат нивни тим игра во домашниот шампионат.