Дома Трансфер зона Барса ја испрати првата понуда, Де Лихт на чекор од „Камп Ноу“

Барса ја испрати првата понуда, Де Лихт на чекор од „Камп Ноу“

19-годишниот капитен на Ајакс и холандски репрезентативец, Матијас де Лихт важи за еден од најперспективните дефанзивци во Европа и за него постои силен интерес од европските гиганти.

Сепак, Барселона сака да ја победи големата конкуренција со фактот што самиот фудбалер преферира трансфер на „Камп Ноу“, но и поради добрите односи кои ги има со Ајакс.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


За фудбалерот силен интерес покажуваат уште Јувентус, ПСЖ и Баерн Минхен, но последните информации од Каталонија тврдат дека Барса е на чекор од комплетирање на трансферот.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барса веќе ја испратила првата официјална понуда за Де Лихт во висина од 60 милиони евра и ги започнала преговорите со Ајакс.

Иако ПСЖ нуди повеќе пари, како и поголема плата на играчот, сепак дефанзивецот ја избрал Барселона и сака преселба на „Камп Ноу“.

Потсетување, Барселона веќе го договори трансферот на Френки де Јонг за кого на Ајакс му плати 75 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…