Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски беше инспиратор на големата победа на Палермо викендов против Карпи од 4:1.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Несторовски постигна два гола и запиша една асистенција, со што си заработи место во тимот на колото во Серија Б.
Несторовски заслужено се наоѓа меѓу најдобрите 11 на колото, а тоа може да не радува бидејќи во одлична форма ќе пристигне на репрезентативните обврски.
Неговиот Палермо се бори за пласман во Серија А, па се надеваме дека од следната сезона ќе гледаме повеќе Македонци во италијанската елита.
