Дома Топ вести Јувентус нема да жали пари за Рафаел Варан

Јувентус нема да жали пари за Рафаел Варан

Италијанскиот шампион Јувентус веќе почна да го планира летниот трансфер рок и ги одреди примарните цели, пренесуваат италијанските медиуми.

Приоритет на „старата дама“ во летниот преоден рок ќе биде реконструкција на одбраната. Барзаљи заминува во пензија, Киелини е во зрели години, а Ругани не се покажа како иделано решение.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поради тоа „бјанконерите“ ќе се насочат кон млад и перспективен дефанзивец, а првата желба на тренерот Макс Алегри е стоперот на Реал Мадрид, Рафаел Варан.

„Раи Спорт“ пренесува дека Јувентус е спремен да понуди 80 милиони евра за да ги убеди „кралевите“ да го пуштат францускиот репрезентативец.

Варан не игра добра сезона како и целиот тим на Реал Мадрид, но познато е дека е миленик на Зинедин Зидан, па тешко дека Французинот ќе го пушти својот сонародник, особено поради фактот што дефанзивецот има договор со „кралевите“ до 2022 година.

„Тутоспорт“ пренесува дека како алтернатива на Варан „бјанконерите“ го сакаат капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт, но ќе треба да ја победат жестоката конкуренција, бидејќи самиот фудбалер преферира трансфер во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…