Дома Фудбал Останато Вејн Руни како во најдобрите денови: Ова е еден од неговите најдобри натпревари во кариерата! (ВИДЕО)

Вејн Руни како во најдобрите денови: Ова е еден од неговите најдобри натпревари во кариерата! (ВИДЕО)

Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни одигра фантастичен натпревар во победата на неговиот Ди-Си Јунајтед.

Ди-Си Јунајтед на стадионот во Вашингтон победи со 5:0 против Реал Солт Лејк, а Руни постигна дури три гола и запиша една асистенција и така потсети на неговите најдобри денови од „Олд Трафорд“.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Првиот гол го постигна во 34-тата минуита од пенал, а потоа во 41-та минута после додавањето од соиграчото Јара со ефекетен полулоб го матираше голманот и постигна навистина преубав погодок.

До „чист“ хет-трик оној кога играчот ќе постигне три гола во низа дојде во 65-тата минута.

Во 76-тата минута Руни и му асистираше на Родригез за 4:0, а конечниот резултат од 5:0 го постаби Сегур во 80-тата минута.

Треба да се истакне и дека гостите во овој натпревар останаа со два играчи помалце. Прво беше исклучен Саварино кон крајот на првиот дел, па Силва во 67-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Германскиот репортер го изнервира капитенот на Баерн

Мануел Нојер не успеа да ја зачува мрежата на Баерн недопрена во вторникот вечерта при гос…