Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс изненади многумина кога во четвртокот одлучи да го напушти тимот на Олдам.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
За Сколс тренерската работа во Олдам беше прва посериозна во новата кариера, но не се задржа долго. Сколс на клупата помина само 31 ден и челниците на Олдам биле шокирани кога поранешниот играч на Манчестер Јунајтед им соопштил дека го напушта тимот.
Претседателот на овој тим Абдалах Лемсагам изјави дека е разочаран од начинот на кој Сколс го напуштил Олдам бидејќи тоа го направил преку порака на „Ватс Ап“.
„Раозчаран сум од одлуката Сколс да си поднесе оставка и изненаден сум поради причините кои ги изнесе во својата изјава“, изјави претседателот на Олдам.
Но, вистинските причини дури сега „испливаа на површина“, а тоа дополнително го налултило претседателот на Олдам. Веднаш откако беше соопштено дека Сколс не е тренер на Олдам се појави веста дека ќе се врати во Манчестер Јунајтед.
Оле Гунар Солскјер отворено му понуди да биде дел од неговиот стручен штаб и сите очекуваат тоа да се случи. Оваа вест со големо изненадување е дочекана во Олдам.
„Не можам да верувам што ни направи после се. Измисли некои причини за заминување, а можеше отворено да каже што се спрема. Беше тука само еден месец и побегна кога му се отвори некоја подобра шанса“, гласеше новата изјава на Лемсагам.