Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне сигурно е разочаран откако неговиот тим испадна од Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Атлетико Мадрид пристигна во Торино со предност од 2:0 во првиот натпревар, но Кристиано Роналдо со уште една чудесна вечер во Лигата на шампионите во која постигна хет-трик го одведе Јувентус помеѓу најдобрите осум.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не притиснаа и морам да им честитам на таквата игра. Едноставно бевме надиграни. Јувентус беше подобар и заслужено победи. Сигурно многу грешевме, но Јувентус тактички беше подобар, затоа и победија“, изјави Симеоне.
Новинарите ги интересираше и мислењето на аргентинскиот стратег за контроверзната прослава на Кристиано Роналдо кој го направи она што Симеоне правеше во првиот натпревар, се фати за меѓуножјето.
„Сигурно го направи истото што и јас на Ванда. Размислувајќи за навивачите и покажување карактер на голем клуб каков што е Јувентус“, порача Симеоне.
Ronaldo got two words for you…… ??
the karma#Ronaldo #JuveAtleti pic.twitter.com/5eFfm5vqNl— Karim⚡️ (@karimmo7amd) March 13, 2019
Роналдо секако беше задоволен од неговото издание против Атлетико:
„Тоа мораше да биде посебна ноќ и беше таква. Не само поради головите, туку и поради тимот и нивниот неверојатен став. Ова е менталитетот кој ви е потребен во Лигата на шампионите и ние сме на добар пат. Токму поради вакви работи ме доведе Јувентус да им помогнам во магичните ноќи како што беше оваа. Атлетико навистина е одличен тим, но ние докажавме дека сме силни и заслужено одиме во следната фаза“, изјави Португалецот после натпреварот.
https://www.youtube.com/watch?v=fAjZ8gAxq8o