Играчот за врска на Порто и мексикански репрезентативец Ектор Ерера е на чекор од трансфер во Атлетико Мадрид.
Договорот на Ерера со Порто истекува на крајот на сезоната, па тој е слобден да преговата со заинтересираните клубови.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според весникот „АС“ Мексиканецот веќе се договорил со Атлетико Мадрид и на лето ќе го засили тимот на Симеоне како слободен агент.
28-годишниот Ерера е капитен на Порто и игра уште една фантастичан сезона, па за него силен интерес покажуваа многу европски гиганти. Интер, Милан и Арсенал важеа за фаворити за неговиот потпис, но Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата.
Ерера е играч кој одлично ќе се вклопи во стилот на Симеоне, бидејќи има одлична техника, но исто така е голем борец на средината од теренот, па несомнено дека ќе биде големо засилување за „јорганџиите“.
[ @DiarioAS ]: Héctor Herrera, a un paso de fichar por el Atlético… ?
designed by #AtleticoDesign ?⚪ pic.twitter.com/hTtRervq6W
— Atletico Design ® (@AtleticoDesign_) March 8, 2019
„Јорганџиите“ планираат на лето да донесат уште еден фудбалер од Порто, а станува збор за левиот бек Алекс Телеш. Тој би требало да биде замена за Филипе Луис, кој на крајот на сезоната ќе си замине од „Ванда Метрополитано“.
Друга опција за левата бековска позиција е и Таљафико од Ајакс, но за него конкуренцијата ќе биде многу поголема.
https://youtu.be/UU1zodqWe9c