Масимилијано Алегри го отпиша скоро цела Италија, незадоволство владее и кај навивачите, па така скоро е сигурно дека ако Јувентус не направи пресврт во реваншот против Атлетико дека Алегри ќе добие отказ.
Како главен фаворит за клупата на „Старата дама“ се истакнува Французинот Зинедин Зидан кој дел од својата играчка кариера помина во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес во Италија се појави и можниот тим кој би го составил Зидан ако навистина седне на кормилото на „старата дама“.
Зидан би играл во формацијата 4-3-2-1.
Полскиот голман Војчех Шчесни брани одлично и никој не очекува да го напушти Јувентус, па така сигурно е дека тој ќе биде првиот избор на голманската позиција.
Португалскиот бек Жоа Кансело игра многу добро од доаѓањето во Јувентус. Зидан сака играчи со неговите карактеристики и без дилеми тој би бил прв избор. Треба да се истакне токму со Кансело, Алегри направи потег за кој навивачите најмногу му замеруваа. Италијанскиот стратег на неколку натпревари го играше Де Шиљо пред Португалецот со што предизвикуваше незадоволство кај фановите.
Стоперскиот тандем барем уште во сезоната кја следи би требало да го сочинуваат Киелини и Бонучи. Секако тие би биле стандардните, но поради годините поголема шанса би добивале и помладите играчи.
Денес „АС“ објави дека Марсело и Јувентус постигнале договор и дека Бразилецот ќе се пресели во Торино каде што ќе потпише договор на четири години со плата од 12 милиони евра по сезона (тука). Зидан со Марсело соработуваше и во Реал, па нема причина тој да не биде прв негов избор. Ова значи и веројатно заминување на Алекс Сандро.
Зинедин Зидан и додека беше тренер на Реал често пати знаеше да го фали Пјаниќ, па поради тоа нема дилеми дека неговото место на средината е обезбедено. Партнер во средина најверојатно ќе му биде Емре Чан кој од доаѓањето во Јувентус од Ливерпул прикажува добри настапи.
Трансферот на Арон Рамзи е потврден тој пристигнува на лето и ќе им прави друштво на Пјаниќ и Чан во средината на теренот.
Уште еден фудбалер на Реал Мадрид се поврзува со Јувентус, а тоа е незадоволниот Иско. Зидан го сака стилот на игра на Иско и Шпанецот сигурно одлично би се вклопил.
Изненадување има во нападот каде што Италијанците сместија Ромелу Лукаку, со кого Јувентус и не се поврзува премногу во последно време, секако покрај Лукаку е Роналдо.
Сега не е јасно зошто не сместен Паоло Дибала кој сигурно не би прифатил да биде резерва во текот на сезоната. Селењето на клупата би значело веројатно и трансфер на Дибала.
Останува времето да покаже како ќе се одвиваат работите.