Дома Топ вести Марсело – Јувентус: Договорено е, познати и детали од договорот!

Марсело – Јувентус: Договорено е, познати и детали од договорот!

Се шпекулираше се погласно и погласно и сега и изгледа е договорено – Марсело на лето преминува во Јувентус со кој веќе се договорил!

Ако им веруваме на шпанските медиуми повеќе нема дилеми, Бразилецот ги договорил сите детали со клубот од Торино. Во Јувентус Марсело ќе заработува 12 милиони евра за договор на четири години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марсело е незадоволен во Реал, тренерот Солари го пресели на клупата и му дава прилика на Регулион. Со тоа само дополнително ја зголеми желбата на на Марсело да го напушти „Бернабеу“ на крајот од сезоната.

Факт е и дека неговиот голем пријател Кристиано Роналдо има голем удел во овој трансфер. Јувентус се уште нема договор со Реал Мадрид, меѓутоа со оглед на тоа дека Реал ќе прави голем „ремонт“ на тимот во летниот преоден рок, а Марсело е помеѓу оние најкритикуваните проблем не би требало да има.

Како прв пик на Реал за нов бек е Николас Таљафико од Ајакс. Таљафико се поврзуваше со Реал уште пред нивниот натпревар во вторникот кога „кралевите“ на дело можеа да се уверат во неговите квалитети.

Ќе потсетиме агентот на Таљафико неодамна тврдеше дека има информации дека трансферот на Марсело е завршена работа.

„Ексклузивно можам да ви потврдам дека Марсело е нов играч на Јувентус, се е договорено. Ме побараа од Реал да почнеме преговори околу Николас, бидејќи ќе им биде потребен лев бек за следната сезона. Марсело одлучил да замине, а се знае дека Роналдо веќе го убедил да потпише за Јувентус“, изјави неодамна Рикардо Шлипер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…