Дома Фудбал Лига на шампиони Жестока провокација: Лукаку вчера за инает прослави пред Ди Марија! (ВИДЕО)

Жестока провокација: Лукаку вчера за инает прослави пред Ди Марија! (ВИДЕО)

Вчера Манчестер Јунајтед направи големо изненаување и со тим во кој недостасуваа 10 играчи успеа против Пари Сен Жермен да ја надополни негативата од првиот натпревар (0:2) и да слави со 1:3.

Големиот триумф и пласманот во четвртфиналето на Манчестер Јунајтед му го обезбеди Маркус Рашфорд со голот од пенал во 94-тата минута.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Во тој момент Ромелу Лукаку направи потег кој многумина не го забележаа во ТВ преносот.

Анхел Ди Марија влезе во вистинска војна со навивачите на Манчестер Јунајтед и беше во центарот на вниманието во првиот натпревар. Вчера Лукаку одлучи да му врати за провокациите во првиот натпревар.

Имено, откако Рашфорд постигна гол, Лукаку накратко се израдува токму пред Ди Марија.

Оваа негова прослава многу потсетува на легендарната на Руд Ван Нистерлој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …