Дома Фудбал Лига на шампиони На лето ќе игра за Барса сега откри: Од Барселона побараа да го елиминирам Реал Мадрид

На лето ќе игра за Барса сега откри: Од Барселона побараа да го елиминирам Реал Мадрид

de jong

Mладиот Холанѓанец Френки Де Јонг откри дека од неговиот иден клуб добил барање со Ајакс да го исфрли Реал Мадрид од Лигата на шампионите.

Играчот за врска на лето ќе го облече дресот на Барселона, а до крајот на сезоната ќе ги брани боите на Ајакс со кој вечерва во осминафиналето од најелитното европско натпреварување ќе игра против бранителот на трофејот Реал Мадрид.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Реал Мадрид во Амстердам славеше со 2:1 и пред Холанѓаните е голем предизвик да го свртат резултатот во своја корист на гостувањето во Мадрид.

Пред овој натпревар Де Јонг откри дека добил барање од Барселона да го елиминира Реал Мадрид во оваа фаза.

de jong barcelona

„Кога потпишав договор со Барселона, на „Ноу Камп“ побараа од мене да се обидам да го исфрлам Реал Мадрид од Лигата на шампионите. Тоа би било добро за Барселона“, откри Де Јонг и продолжи:

„Мораме да играме напаѓачки, да ги притиснеме. Знаеме дека ќе биде тешко, Реал игра поинаку во Лигата на шампионите отколку во нивното првенство, но ние сме тука и не плашиме да приредиме изненадување. Јас верувам во квалитетите на моите соиграчи, можеме да направиме изненадување“, изјави играчот за врска.

Реваншот помеѓу бранителот на трофејот и Ајакс се игра вечерва со почеток во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Де Зерби може да седне на клупата на „Олд Трафорд“

Манчстер Јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик Тен Хаг, тврдат медиумите блиски до к…